Red Macedonia

Накит од порцелан

Технологијата на изработка на порцелан е иста стотици години наназад.

Карактеристиките на порцеланскиот накит вклучуваат мала пропустливост и еластичност; значителна цврстина, белина, прозирност и резонанца како и висока отпорност на хемиски напад и термички шок.

Рачно сликаните порцелански елементи од кои се состои овој накит му даваат на секое парче посебна уметничка вредност на спој и изработка.Порцеланските елементи се украсуваат со подглазура со употреба на пигменти кои вклучуваат оксид на кобалт и бакар, или емајли од глазура, овозможувајќи поширок спектар на бои. Се печат на околу 1.000 ° C , а потоа обложени со глазура, на 1.300 ° C .

Секој елемент од овој накит е посебно уметничко дело , приказна за себе и она што го прави различен од сите други видови накит е сјајот и исклучително мазната и сјајна површина на елементите како и тежината која беспрекорно се лизга на сечие деколте.